Вградените филтри овозможуваат ниска заштита (СПФ 6) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците, а неговите дополнителни состојки, како каротенското масло, ја овозможуваат потребната нега на кожата во текот на сончањето.
Содржи масло од морков кое е богато со β-каротен, витамини А и Е и провитамин А.
Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.
Бета-каротенот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.
Дерматолошки тестиран.
Наменет е за сите типови кожа, но се препорачува за лица со потемен тен чијашто кожа не е лесно подложна на изгореници.
Водоотпорен.
Начин на употреба: Маслото се нанесува повеќе пати во текот на сончањето.