Што означува факторот за заштита од сонце или СПФ?
Факторот за заштита од сонце, односно од УВ-зраците, укажува на степенот на заштита обезбедена од одреден производ за сончање. Без соодветна заштита изложеноста на сонце е безбедна само во одреден временски рок, кој според типот на кожата и природниот отпор на кожата варира од 5 до 30 минути.
Помножувањето на факторот за заштита од сонце (СПФ) и временскиот период на природниот отпор на кожата (без заштита) го дава вкупниот временски период на изложување на сонце, во којшто можеме безбедно да уживаме во сонцето.
Да го образложиме ова преку едноставен пример:
Да претпоставиме дека Вашата кожа
почнува природно да станува црвена, без сончање, откако ќе се изложи на сонце 20 минути. Ако
изберете производ за сончање со фактор 10 (СПФ 10), Вашата кожа ќе развие исто такво црвенило по 20
(минути) x 10. Всушност, по 200 минути. Сепак, нанесувањето на средството за сончање треба да се
повторува редовно и секогаш по пливање, по бришење со пешкир и сл.
Проценката за заштита од УВА- и од УВБ-зраците се одредува преку лабораториски мерења (in vitro), при што се пресметува индексот на заштита или СПФ.