Од што се состои сончевата светлина?
Сончевата светлина се состои од спектар на зраци: видлива светлина, ултравиолетова (попозната како УВ) и инфрацрвена светлина. Светлината се мери во бранови должини, чии единици се нанометри (nm) и милиметри (mm). Секој од различните зраци на светлина во спектарот има посебна бранова должина
Видлива светлина
Видливата светлина изнесува околу 50 % од спектарот на сончевата светлина и, како што сугерира името, е единствениот дел од светлината што може да се открие од човечкото око. Има опсег на бранова должина во регион од 400 до 760 nm.
УВ-светлина
Ултравиолетовата светлина е невидлива за човечкото око и доаѓа во три форми: ултравиолетови – А (УВА), ултравиолетови – Б (УВБ) и ултравиолетови – Ц (УВЦ) зраци. УВ-светлината има пократка бранова должина од видливата светлина. УВА- и УВБ-зраците имаат бранова должина меѓу 280 nm и 400 nm, иако УВА-зраците имаат подолга бранова должина од УВБ - зраците. Заедно сочинуваат околу 5 % од сончевите зраци.
УВА-зраците сочинуваат околу 90 – 95 % од зраците од УВ-светлината кои допираат до земјината обвивка и:
се послаби од УВБ-зраците, но продираат подлабоко во слоевите на кожата.
може да предизвикаат знаци на прерано стареење на кожата, како што се брчките, и, исто така, болести на кожата (канцер и пигментирање).
нивното дејство е континуирано во текот на целиот ден и година.
УВБ-зраците сочинуваат 5 – 10 % од зраците од УВ-светлината кои стигнуваат до нашата кожа и:
влијаат на надворешните слоеви на кожата.
придонесуваат за создавање витамин Д и нивното дејство е ограничено на површината на кожата, активирајќи ги меланоцитите кои произведуваат меланин.
предизвикуваат првични оштетувања на кожата како што се изгореници, ефект на прерано остарена кожа, како и разни видови болести (канцер и пигментирање).
УВБ-радијацијата е најинтензивна во текот на летните месеци, со најголем интензитет во раните попладневни часови.
УВЦ-зрачењето е најзагрозувачкиот вид. Сепак, тоа се апсорбира од слоевите на озонот и на тој начин не допира до површината на земјата, а со тоа и нема влијание врз нашата кожа.
Инфрацрвена светлина
Инфрацрвените A- и Б-зраци имаат подолга бранова должина, меѓу 760 nm и 1000 nm (1 mm), и како УВ-зраци не се видливи за човечкото око. Тие ги сочинуваат преостанатите 40 % од сончевата светлината.