Ја смирува и ја тонизира кожата по сончањето. Содржи ментол, екстракт од овес и екстракт од алое вера.
Ментолот претставува монотерпен за когошто е утврдено дека дејствува врз нервните завршетоци со активација на протеинот TRPM8, познат како рецептор за ладно, и на тој начин обезбедува пријатно чувство на ладење по нанесувањето.
Екстрактот од овес содржи бета-глукан којшто создава тенок филм на кожата и истовремено продира во нејзините долни слоеви каде што ја дава потребната влажност, а протеините што ги содржи го одржуваат нејзиниот природен изглед.
Екстрактот од алое вера е богат извор на витамини (А, Б 6 , Ц, Е) и на минерали (Mg, Zn, Na, Cu, K) коишто го стимулираат формирањето колаген и со тоа ја обновуваат оштетената кожа.
Брзо се апсорбира и не ја мрси кожата и облеката.
Дерматолошки тестиран.
Наменет е за сите типови кожа.
Начин на употреба: Се нанесува во тенок слој рамномерно на чиста и сува кожа по сончањето. Доколку е потребно постапката може да се повтори.