Содржи комбинација на висококавалитетни суровини: витамин Е, бисаболол и алантоин, кои интензивно ја негуваат кожата по сончањето, ја обновуваат и ја враќаат нејзината еластичност.
Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
Бисабололот (изолирана активна компонента од камилицата) има противвоспалителни својства, со што дополнително ја заштитува кожата од појава на иритации и на црвенила.
Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење.
За мека и еластична кожа.
Дерматолошки тестиран.
За сите типови кожа, а прикладен е и за секојдневна нега на сува и чувствителна кожа.
Начин на употреба: Поголема количина од млекото се нанесува рамномерно на сува и чиста кожа по сончањето. Доколку е потребно постапката може да се повтори.