Совети за првите денови на изложеност на сонце
Изложеноста на сонце не треба да надминува 30 минути првите неколку дена ако сакате да избегнете изгореници. Бавното добивање боја е подобро, трае подолго, е побезбедно и поздраво. Нанесувањето на средството со заштитен фактор треба да биде 30 минути пред излегување на сонце, во доволна количина и да се повторува на секои 2 часа или по излегувањето од вода, бришењето со пешкир или по интензивно потење.
Ако имате светла кожа, првичното време на изложување на сонце треба да биде околу 15 – 30 минути. Времетраењето може да се зголемува за 10 минути на секои два дена при непрекинато изложување на сонце. На лицата со ваков тип кожа им се препорачува да го користат маслото BLACK UP dry touch со СПФ 50.
Ако имате бледа кожа, обично со дамки, којашто речиси никогаш не изгорела со сончање, експертите препорачуваат средство за сончање со СПФ 30/СПФ 30+ за првите неколку дена на изложување на сонце.
Ако имате медитеранска кожа, првичното време на изложување на сонце треба да биде околу еден час и може да се зголемува за 20 – 30 минути на секои два дена при непрекинато изложување на сонце.
Ако имате кожа која ретко гори и лесно добива боја, обично тоа се лица со кафеава коса и очи, типичен медитерански тип кожа, експертите препорачуваат средство за сончање со СПФ 20.
Ако имате темнокафеава кожа која никогаш не гори и многу лесно добива боја, експертите препорачуваат средство за сончање со СПФ 15 за првите неколку дена на изложување на сонце.
Откако ќе бидете доволно потемнети, може да се префрлите на кремови и на маслени средства со пониски СПФ, секогаш осигурувајќи ја Вашата заштита, за да постигнете уште подобри резултати со Вашиот тен.
Лицето заштитете го и негувајте го исклучиво со производи наменети за лице. Наша препорака е користење на кремот за лице BLACK UP со СПФ 30.
* Сите погоренаведени совети се корисни под услов да се избегне изложеност на сончево зрачење меѓу 11:00 и 15:00 часот и да се нанесуваат соодветни СПФ за Вашиот тип кожа.
* Проценката на типот на кожата (тенот) е индивидуална и препорачуваме внимателна и објективна селекција на факторите за заштита.