Бронзениот тен е најпосакуваниот изглед во летниот период. Но, како да се дојде брзо до бронзен тен, а да се избегнат еритемите (црвенилата) и изгорениците? Маслото за интензивно потемнување BLACK UP со СПФ 10 нуди таква можност.
Комбинацијата на УВА- и УВБ-филтрите, маслото од орев и β-каротенот овозможуваат кожата во текот на сончањето побрзо да ја постигне убавата бронзена боја, без појава на изгореници и на црвенило.
Дерматолошки тестиран.
Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.
Водоотпорен.
Начин на употреба: Маслото рамномерно се прска на кожата 10 минути пред сончање и по секое капење.