Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е идеална комбинација на активни компоненти, кои овозможуваат заштита од штетните сончеви зраци и паралелен антицелулитен ефект.
Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.
Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.
Содржи комбинација на емолиенти (омекнувачи), кои ја подoбруваат еластичноста на кожата.
Присуството на хумектанси (навлажнувачи) го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.
Антицелулитниот комплекс има активно дејство врз целулитот и ја намалува акумулацијата на масти во поткожното ткиво.
Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е составен од: Природен изофлавон, добиен од зрната на соја. Тој има моќно антицелулитно дејство и го инхибира формирањето нови адипоцити (клетки специјализирани за складирање на маснотиите), па на тој начин ги намалува масните наслаги. Воедно, го забрзува создавањето на колагенот и го подобрува ефектот на затегнатост, јачина и на мазност на кожата.
Кофеин – придонесува за намалување на масните наслаги преку стимулирање на клеточниот метаболизам.
Карнитин – ги намалува масните наслаги на тој начин што го помага нивното метаболизирање и претворање до незаситени масни киселини, коишто организмот може да ги искористи. Така се блокира процесот на таложење на заситените масни киселини во клетките и формирањето масни наслаги.
Екстракт од спирулина (Spirulina platensis) – богат е со протеини, минерали и со витамини. Ја подобрува исхраната на клетките во кожата поради што таа добива ефект на затегната и цврста кожа (firming effect).
Кремот е збогатен и со состојки кои го дополнуваат ефектот на антицелулитниот комплекс и синергично дејствуваат на намалување на целулитот и на масните наслаги:
Екстракт од див костен (Aesculus hippocastanum) – ја подобрува циркулацијата на местото на апликација, што е многу битно за да се постигне добар антицелулитен ефект.
Екстракт од шимширика (Ruscus aculeatus) – се одликува со вазоконстрикторен ефект и со диуретски својства, па помага во затегнувањето на кожата и во исфрлањето на вишокот течности.
Дерматолошки тестиран.
Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.
Начин на употреба: Кремот се нанесува на критичните делови на кожата 30 минути пред изложување на сонце и по секое капење.