Добивањето бронзен тен е најпосакуваната работа во летниот период. За таа цел се користат различни методи и препарати. Едноставен начин да го добиете посакуваниот бронзен тен е со употребата на маслото за брзо и интензивно потемнување BLACK UP.
Овој производ во својот состав содржи масло од орев и ß-каротен, кои овозможуваат кожата да постигне убава бронзена боја. Се препорачува за лица кои имаат природно потемен тен.
Витаминот Е дејствува антиоксидативно, па ја заштитува кожата од сушење и од предвремено стареење, а воедно овозможува нејзина подобра хидратација.
Содржи масло од морков кое е богато со β-каротен, витамини А и Е и провитамин А.
Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.
Бета-каротенот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.
Маслото од орев помага за добивање на бронзениот тен, но, исто така, претставува богат извор на есенцијални масла и на протеини кои доплнително ја негуваат и ја штитат кожата, правејќи ја нежна, мека и еластична.
Маслото не содржи УВ-филтри и не заштитува од УВА- и од УВБ-зраците!
Дерматолошки тестиран.
Наменет е за сите типови кожа, но се препорачува за лица со потемен тен чијашто кожа не е лесно подложна на изгореници.
Водоотпорен.
Начин на употреба: Маслото се нанесува повеќе пати во текот на сончањето.