Масло за интензивно потемнување BLACK UP, СПФ 10, 150 ml Масло за интензивно потемнување BLACK UP, СПФ 10, 150 ml
Масло за интензивно потемнување BLACK UP, СПФ 10, 150 ml

Бронзениот тен е најпосакуваниот изглед во летниот период. Но, како да се дојде брзо до бронзен тен, а да се избегнат еритемите (црвенилата) и изгорениците? Маслото за интензивно потемнување BLACK UP со СПФ 10 нуди таква можност.

Комбинацијата на УВА- и УВБ-филтрите, маслото од орев и β-каротенот овозможуваат кожата во текот на сончањето побрзо да ја постигне убавата бронзена боја, без појава на изгореници и на црвенило.

  • Дерматолошки тестиран.

  • Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.

  • Водоотпорен.

Начин на употреба: Маслото рамномерно се прска на кожата 10 минути пред сончање и по секое капење.