Лекување изгореници на кожата предизвикани од неправилно изложување на сонце и од несоодветна заштита

Вашата кожа може да изгори ако се изложува премногу на сонце без соодветна заштита и облека. Во таков случај треба веднаш да започнете со лекување на изгорениците штом ќе ги забележите.

  1. Првото нешто што треба да го направите е да се тргнете од сонцето – по можност во затворен простор.

  2. Ставете ладна влажна крпа на вашата кожа. Правете го тоа по 10 или по 15 минути неколку пати, а ако е потребно и повеќе денови по ред. Тоа ќе Ви помогне да се ослободите од дел од топлината од вашата кожа. Исто така, може да правите чести ладни бањи или да се туширате со ладна вода за да помогнете во ублажувањето на болката. Веднаш штом ќе излезете од кадата или од туш-кабината нежно избришете се, но оставете малку вода на вашата кожа.

  3. Потоа, нанесете крем/гел за да помогне во задржувањето на водата во вашата кожа. Ова ќе помогне да се олесни сувоста и пецкањето.

  4. Бидете внимателни да не употребувате лосиони или кремови коишто содржат вазелин, бензокаин или лидокаин. Препаратите со нафта ја задржуваат топлината во кожата, а бензокаинот и лидокаинот може да ја и иритираат кожата.

    Ако на одредено место кожата ja чувствувате особено непријатно, консултирајте се со фармацевт или лекар.

  5. Доколку вашите изгореници предизвикуваат болка, земете ибупрофен, кој ќе помогне да се намали отокот, црвенилото и непријатноста.

  6. Пијте повеќе вода. Изгорениците Ве прават премногу дехидрирани, па затоа треба да се пие многу вода.

  7. Бидете особено внимателни за да ја заштитите изгорената кожа додека таа се лечи. Носете облека што ја покрива кожата кога сте на отворено.

  8. Во процесот на заштита на изгорената кожата од сонцето најдобро функционираат цврстите ткаенини. Како да проверите која е цврста ткаенина? Кога ќе ја држите ткаенината до извор на силна светлина, не треба светлината да продре низ неа.

  9. Доколку се појавуваат плускавици, се работи за посериозна изгореница и потребна Ви е консултација со доктор / дерматолог.