Крем за сончање за лице BLACK UP, СПФ 30, 50 ml Крем за сончање за лице BLACK UP, СПФ 30, 50 ml
Крем за сончање за лице BLACK UP, СПФ 30, 50 ml

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, витамин Е, Д-пантенол и екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА- и од УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.

УВА- и УВБ-филтрите се висококвалитетни хемиски филтри кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е појачано со механички филтер УВА/Б со широк спектар на дејствo и е особено препорачлив за осетлива кожа.

Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.

Содржи Д-пантенол, којшто е моќен навлажнувач и продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, којшто има големо антиоксидативно дејство.

  • Дерматолошки тестиран.

  • Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќе пати во текот на денот