Избегнувајте го сонцето доколку примате одреден вид лекови

Ако уживате во сончевите зраци и со нетрпение ги чекате првите денови на плажа, важно е да знаете дека некои лекови може да предизвикаат неочекуван проблем. Можеби не сте свесни, но некои лекови може да ја зголемат чувствителноста на сончевата светлина, при што ќе предизвикаат Вашата кожа да изгори многу полесно. Препорачуваме следење на следната табела за соодветна заштита!

  • Каков тип реакција може да се случи?
    Ако лекот има предупредување за избегнување сончева светлина, не го игнорирајте. Тоа обично значи дека би можеле да бидете почувствителни на сончева светлина (фотосензитивни), што ќе предизвика полесно добивање изгореници од сонце. Исто така, може да завршите со полоши изгореници од обично, всушност, дури и малку изложување може да предизвика изгореници.

  • Што е фотосензитивност?
    Фотосензитивност е невообичаено висока чувствителност на ултравиолетовите (УВ) зраци од сонцето. Исто така, може да бидете засегнати и од други извори на светлина, вклучувајќи и флуоресцентни светла во затворен простор. Реакцијата на УВ-зраци или на флуоресцентни светла може да предизвика дамки или области на црвенило и на оток на кожата.

  • Типови лекови кои може да предизвикаат проблеми со кожата ако сте изложени на сонце:

    • антибиотици,

    • трициклични антидепресиви,

    • некои постари генерации антихистаминици,

    • антигабични лекови,

    • антималарични лекови,

    • лекови за акни,

    • одредени типови хемотерапија,

    • одредени лекови за дијабетес,

    • диуретици

    • лекови за срцеви болести.

  • Како можам да ја минимизирам мојата изложеност на сонце?

    • Избегнувајте директна изложеност на сонце.

    • Носете очила за сонце

    • Носете светла и лесна заштитна облека, облека со долги ракави, панталони и капа.

    • Консултирајте се со Вашиот доктор или со фармацевт.