Информираност и дејствување согласно со УВ-индексот

Дневната прогноза на УВ-индексот е предвидување на максималната УВ-сила за денот, што обично го постигнува својот максимум во раните попладневни часови.

Изложеноста на сонце не треба да надминува 30 минути првите неколку дена ако сакате да избегнете изгореници. Бавното добивање боја е подобро, трае подолго, е побезбедно и поздраво. Нанесувањето на средството со заштитен фактор треба да биде 30 минути пред излегување на сонце, во доволна количина и да се повторува на секои 2 часа или по излегувањето од вода, бришењето со пешкир или по интензивно потење.