Пред и по сончање – совети за убава кожа

  1. Започнете со темелно чистење на кожата. Нанесете фактор за сончање на лицето и на телото, најмалку половина час пред да одите на плажа.

  2. Не користете парфем или колонска вода пред и за време на изложувањето на сонце за да избегнете појава на фотоалергии и на обезбојувања на кожата.

  3. Бидете хидрирани! Пијте вода постојано и бидете сигурни дека пиете околу 2 литри вода дневно. Изложувањето на сонце и потењето ја намалуваат влагата во кожата, којашто е од суштинско значење за доброто здравје на кожата и за убавиот тен.

  4. За да го нагласите прекрасниот тен на телото, користете навлажнувачки козметички млека/гелови по изложувањето на сонце. Свиленкавата формулација на производите After SUN (по сончање) од линијата BLACK UP ќе ја направат Вашата кожа мека и хидрирана, потенцирајќи ја добиената бронзена боја.

  5. За да ѝ помогнете на Вашата кожа и да ја задржите нежна и млада, запомнете дека консумацијата на свежи сокови, овошје и зеленчук го подобрува нејзиниот квалитет и здравиот изглед.

  6. Сокот од морков е верен сојузник, подготвен да Ви помогне да добиете тен од Вашите соништа!